Сестрата на Ким Џонг Ун: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

од Milan1
21 прегледи

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јо Јонг остро ги осуди Јужна Кореја и Украина, обвинувајќи ги за воени провокации против Северна Кореја и нарекувајќи ги „лоши кучиња одгледани од САД“.

„Ако има воена провокација против нуклеарна држава, тоа може да доведе до страшни ситуации кои се незамисливи за политичарите и воените експерти во која било земја“, рече Ким откако јужнокорејската разузнавачка агенција соопшти дека Северна Кореја испраќа војници да се борат заедно со Русија во војна во Украина, објави Јонхап.

Таа додаде дека „такви тврдења можат да дадат само „лудаци од режимите во Сеул и Киев“.

Ким истакна дека севернокорејските агенции спроведуваат истрага за да утврдат дополнителни детали за беспилотните летала за кои Пјонгјанг тврди дека биле испратени од Сеул со пропагандни летоци против Северна Кореја.

„Никој не знае како ќе биде извршена нашата одмазда“, додаде таа.

Слични содржини