Северина Вучковиќ ќе мора повторно да оди на судење, овојпат кај судијката Луција Ласиќ. Пејачката денеска го имаше закажано четвртото рочиште.
Имено, како што пренесуваат хрватските медиуми, денеска на пејачката и е закажано четвртото рочиште во Општинскиот граѓански суд во Загреб поради тужбата што против неа ја поднесе судијката Луција Ласиќ.
Северина беше обвинета за клевета, а судијата од пејачката бара отштета од речиси 3.000 евра.
„Не можам да ви кажам ништо за судењето“, изјави кусо за 24сата.хр адвокатот на Северина.
Постапката е затворена за јавноста, а Вучковиќ нема обврска да се појави денеска на судењето, па наместо неjze ќе дојде нејзиниот правен застапник.