210
Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море, соопшти денеска јужнокорејската војска.
Лансирањето дојде помалку од две недели откако државните медиуми во Пјонгјанг објавија дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал успешното тестирање на мотор со цврсто гориво за „нов тип хиперсонична ракета со среден дострел“.
Јапонската агенција Кјодо објави дека лансирањето „изгледа“ е извршено и дека проектилите паднале во морето.
Денешното лансирање е трето тестирање на балистичка ракета на Северна Кореја од почетокот на годината.