Северна Кореја измината ноќ лансираше околу 350 балони со ѓубре кон Јужна Кореја

од Milan1
175 прегледи

Северна Кореја во текот на ноќта лансираше околу 350 балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија.

Тоа е петто вакво лансирање од крајот на минатиот месец, пренесува Јонхап.

Околу 100 балони, главно со отпадна хартија и други отпадни материјали, слетале во Сеул и во северниот дел на провинцијата Кјонги, соопшти Генералштабот на корејската армија.

Слични содржини