Северна Кореја објави дека тестира нов тип на интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17, со цел да ја зајакне нуклеарната одбрана од „американскиот империјализам“, објавија државните медиуми на таа земја.
„Појавата на ново стратешко оружје ќе го направи целиот свет уште еднаш свесен за моќта на нашите стратешки вооружени сили“, рече Ким, пренесува Ројтерс.
Неколку земји бараат од Советот за безбедност на ОН денеска да разговара за Северна Кореја
Соединетите држави, Велика Британија, Франција, Ирска, Албанија и Норвешка побараа од Советот за безбедност на ОН да одржи јавна седница денеска на која ќе се разговара за најновото лансирање на балистичка ракета од Северна Кореја, соопштија дипломатски извори.
Јужнокорејската и јапонската армија во четвртокот известија дека Северна Кореја ја тестира својата најголема интерконтинентална балистичка ракета.