Северна Кореја започна сеопфатна истрага за потонувањето на военот брод во среда во бродоградилиштето Чонгџин, објавија денес севернокорејските државни медиуми. Новоизградениот разорувач од 5.000 тони претрпе сериозни оштетувања за време на лансирањето, објави „KCNA“.
За време на подводната и внатрешната инспекција, откриени се гребнатини на десната страна од трупот од бродот и навлегување на морска вода преку каналот за спасување. Во извештајот се додава дека на дното на бродот не се пронајдени дупки.
Експертите изјавија дека ќе бидат потребни два до три дена за да се врати рамнотежата на воениот брод, а целосна поправка на оштетената страна на бродот се очекува за околу 10 дена. Откако вчера го прими извештајот, Централната воена комисија на Работничката партија на Кореја соопштија дека степенот на штета на воениот брод не е сериозен.
На неуспешниот обид за лансирање на нов брод присуствуваше и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој изрази големо незадоволство и најави дека одговорните за инцидентот ќе се соочат со последици, пренесува Танјуг.