Северна Македонија е добра на „хартија“, а лоша во практикување на зелената агенда

од Destan Jonuzi
428 прегледи

Во однос на минатогодишниот Извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на државата кон ЕУ, овогодишниот има одреден напредок. Во предходните извештаи имаше ограничен напредок, а сега има одреден напредок, што се подразбира дека е далоку по добар, вели во изјава за „Локално“, Маја Морачанин – претседател на ДОМ и пратеник во Собрание на Република Северна Македонија.

МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ 13,9 ПРОЦЕНТИ ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА

– Од аспект на носење на законската регулатива, која што е усогласано со ЕУ директивите, тоа се законите за квалитет на амбиентниот воздух, законот за инспекциски надзор во животната средина, пакетот закони што си го носевме за управување со отпад, измените на законот за животна средина, значи во овој дел има напредок. Има напредок и во делот на заштитени подрачја. Се прогласи Шар Планина за нов национален парк, што се немаше случено од самостојна Македонија наваму, исто така Осоговскиот предел, Малешевијата кои што исто така се заштитени подрачја, така што сега во Македонија имаме 13,9 проценти заштитени подрачја и тоа е добро, вели Морачанин.

Маја Морачанин

Маја Морачанин

ПРОБЛЕМИ ПРИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЕКОЛОШКАТА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

Според неа, она што е забелешката и што се провлекува и се забележува во секој извештај, не се забелешки за законската регулатива иако треба да се носат уште неколку закони, проблемот е во имплементацијата на постојната законска регулатива.

– Тука немаме резултати, и тоа не дека само во Извештајот се наведува, тоа го знаеме и сите ние што работиме на тема, животна средина, невладините организации и граѓаните. Значи, потребно е да се спроведуваат законите. Тука е слабоста. Исто така во извештајот се нотира дека е слаб административниот капацитет, и на централно, а особено на локално ниво кога станува збор за животна средина. Сите знаме дека половина од општините во државата немаат инспектор за животна средина, немаат во администрацијата оделение за животна срдина итн. Административниот капацитет на институците е слаб, а исто така и финансирањето, вложувањето на финансиски средства наменати за животна средина и клима, нгаласува во изјава за „Локално“, Маја Морачанин – претседател на ДОМ и пратеник.

СЕ УШТЕ НЕ Е ФОРМИРАН ФОНДОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Таа вели дека овие се клучните забелешки кои со години се провлекуваат и тоа е нешто што институциите треба да го испорачат.

– Поголема одговорност во спроведувањето на законите. Во делот на енергетиката треба да се забрза процесот за обновливите извори. Во овој дел треба да се регулира, усогласи и забрзи процесот за хармонизација со ЕУ препораките и легислатива. Македонија истотака, заостанува во делот на енергедската ефикасност. Донесевме закон за енергетска ефикасност според кои треба да се оформи и фонд за енергетска ефикасност што е клучен и финансиски овој процес да биде одржлив, но се уште не е формиран фондот за енергетска ефикасност, иако се во теке работите за истиот да се формира, нагласи Морачанин.

Арианит Џафери

Арианит Џафери

Законските реформи во екологијата, заедно со конкретните проекти, обично заглавуваат затоа што, почнувајќи од Министерството за животна средина и во секој друг ресор, властите ги штитат бизнис интересите на нивните партнери, партиски членови, функционери и слично, изјави за „Локално“, Арианит Џафери од невладината организација „Екогерила“, зборувајќи за застојот на конкретните еколошки проекти во државата.

– Бидејќи повеќето од овие бизниси имаат можност да ги модернизираат своите капацитети и да го минимизираат загадувањето – а такво нешто не направија, јасно е дека властите нема да преземат казнени мерки против нив, дури и преку спроведување на законодавството или спроведувањето на нови закони и прописи од областа на животната средина. Извештајот за напредокот на Европската комисија за Северна Македонија, во поглавјето 27, најмалку во последните 5 години, ги идентификува истите проблеми и ги дава истите препораки, што значи дека нашата земја не ги имплементирала препораките од 2018 година (туку и порано), изјави Џафери за „Локално“, и затоа, додава тој, истите постојано се повторуваат.

НЕСЕРИОЗНИОТ ПРИСТАП КОН ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЌЕ ПРЕТСТАВУВА СЕРИОЗНА ПРЕЧКА НА ПАТОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ

Според него, несериозниот пристап на нашата земја кон животната средина нужно ќе претставува сериозна пречка на патот на Северна Македонија кон ЕУ.

– Ние не само што нема да ги имаме истите вредности како нашите европски сограѓани, туку нема да можеме да да ги пласираме нашите производи (без разлика дали се земјоделски или други) на заедничкиот европски пазар, поради непочитување на законите, подзаконските акти, конвенциите итн, смета Џафери./Д.Ј.

Извештајите за напредокот на ЕК за Северна Македонија, во поглавјето 27, во последните 5 години:

Слични содржини