Помошникот на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже, оценува дека решителноста и посветеноста на реформите од страна на македонските власти, го дадоа резултатот со полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата.
На новинарско прашање, колку значи членството на Северна Македонија во Алијансата за безбедноста на Западен Балкан и стратешките цели таа вели:
„Приемот на Северна Македонија во НАТО оваа година е резултат на долгогодишна солидна и взаемно корисна соработка, заедно со посветеноста на реформите од страна на властите на Северна Македонија, што помогна да се зајакне безбедноста на земјата. Премиерот, Зоран Заев неодамна беше во седиштето на НАТО. Тоа беше можност да се одбележи историското достигнување на Северна Македонија, да и се приклучи на Алијансата како суверена држава. Да седне заедно со нас и да има еднаков глас во донесувањето и обликот на нашите одлуки“.
Браже посочуваи дека Северна Македонија како полноправен член на овој сојуз, особено придонесува за соработката во многу различни сфери. Имено, како пример ги посочи војниците од АРМ кои имаат свои мисии во Авганистан под водство на НАТО Алијансата.
За потсетување, нашата земја на 27. март годинава го официјализираше своето членство во Алијансата како 30. земја членка.