Шакира доживеа несреќа за време на снимањето на спотот: Стаорец се упати кон нејзината глава, пејачката врескаше и скокна од страв ВИДЕО

од Radmila Tasevska
319 прегледи

Познатата пејачка Шакира од неодамна е со Мануел Туриз, а песната се вика „Copa Vacia“.

За потребите на снимањето на спотот за оваа песна, пејачката се најде во улога на сирена.

Шакира ја обои косата во розова боја, а за подобар ефект носеше и уметоци. Песната брзо стана хит, спотот го погледнаа над 43 милиони луѓе, а потоа пејачката реши да открие што се случува зад сцената.

Имено, во еден момент Шакира лежела во водата, опкружена со пластични шишиња и стаорци. Во еден момент еден од стаорците кои „глумеа“ на видеото се упати кон главата на пејачката, поради што таа вреснала и брзо станала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

„Работи што им се случуваат на сирените“, напиша Шакира во описот на видеото и, иако многумина се забавуваа со ова, таа секако не ѝ беше пријатно за време на оваа „блиска средба“, а јасно е дека снимањето спотови не е толку лесно и интересно како што понекогаш изгледа.

Слични содржини