Шакира: Ја оставив кариерата на страна поради Пике

од Симе Стоиков
345 прегледи

Пејачката откри нови детали за врската со бившиот сопруг

Шакира во новото интервју призна и дека размислувала да се откаже од професионалните можности за да поминува повеќе време со Пике додека тој играл за Барселона.

Пејачката изјави дека поголемиот дел од своето време во последните седум години го поминувала одгледувајќи ги своите деца во Барселона. По разделбата со Пике, таа се преселила во Мајами со децата.

„Долго ја ставив кариерата во мирување, бев со Џерард, за да може да игра фудбал. Имаше многу жртви за љубовта“, изјави Шакира во интервју за Сандеј Тајмс.

Откако се раздели со Пике, таа објави неколку нови песни, но нејзиниот последен албум „Ел Дорадо“ беше објавен во 2017 година.

Пејачката на 22 март по седум години ќе промовира нов албум, а се вика „Las Mujeres Ya No Lloran“ (Жените повеќе не плачат).

Шакира и Пике раскинаа откако се дозна за неговото изневерување со младата студентка Клара Чиа Марти. Како што подоцна беше откриено, Шакира дознала за изневерувањето поради џемот од јагоди што го чувала во фрижидерот, а кој го немало кога се вратила дома. Пике нормално не е љубител на тој џем, па Шакира веднаш се посомнева дека се работи за изневерување.

Слични содржини