Шакира објави нова песна во која повторно го прозва Пике (ВИДЕО)

од Radmila Tasevska
301 прегледи

Колумбиска Звезда Шакира објави нова песна, дует со Карол Џи.

Они две со заеднички сили во песната насловена „TQG“ ги прозиваат поранешните партнери, а Шакира во еден стих пее „Што правиш, ќе ме бараш, знаеш дека не ги повторувам грешките, кажи и на твојата нова дека не се натпреварувам за машка љубов“.

Во оваа песна, која веќе се „заканува“ да стане голем хит, и двете пејачки зборуваат за мажите кои ги повредиле. Карол, која се раздели од раперот Ануел АА во 2021 година, зборува за некој кој и помогнал во тоа време, додека Шакира споменува некој што се оддалечил од неа, алудирајќи на Пике, со кој раскинала по 11 години врска.

Сепак, прозивките не завршуваат тука, во следната строфа, Шакира навидум повторно ги повикува Пике и неговата нова девојка Клара.

„Ме болеше што те видов со новата, но сега се фокусирам на мене“, пеат двајцата.

„Дури и мојот живот се подобри, се колнам дека повеќе не си добредојден. А тоа што ми го приреди твојата девојка, не ме лути и не ме смее“, се вели во текстот на песната.

Песната за само три часа по објавувањето има над два милиони прегледи, а многумина коментираат дека Шакира и Карол Џи никогаш не изгледале подобро.

Слични содржини