Поп ѕвездата Шакира вели дека била жртва на напад од диви свињи, додека шетала во парк во Барселона со нејзиниот осумгодишен син.
Колумбиската пејачка рече дека животните ја нападнале, пред да и ја одземат торбата и да се повлечат со неа во шумата.
Таа ја сподели својата бизарна приказна на Инстаграм.
– Во шумата ја носеа торбата со мојот мобилен телефон – рече меѓудругото пејачката.