Денес, за време на седницата за пратенички прашања, министерот Јетон Шаќири одговараше на прашање упатено од пратеничката, г-ѓа Мерита Коџаџику. Прашањето беше во врска со проектот за реорганизација на државните органи, односно до која фаза е проектот и дали бројот на државните органи ќе се намали по финализирањето на овој проект.
Министерот Шаќири во својот говор рече: “На 6 ноември 2019 година започна спроведувањето на двегодишниот ИПА 2017 проект „Поддршка на државната реорганизација“. Целта на овој ИПА проект е да се оптимизира целата институционална рамка, да се зајакнат јавните услуги, како и да се зајакнат етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација, меѓу другото преку спроведување на функционална анализа и усвојување на нов закон за организациските тела на државната управа”.
Шаќири додаде: “МИОА во текот на целиот период, активно учествуваше во спроведувањето на проектот, каде што бараше постојана поддршка и вклученост на други чинители во процесот (министерства, агенции и инспекциски служби). За важноста на овој проект сведочи и фактот дека досега во Советот на РЈА (Реформа на јавната администрација), како и Секретаријатот за РЈА, беше потенцирана важноста од активна вклученост и соработка на сите институции во овој процес, како и чекорите што следат. Правната основа за спроведување на оваа реформа во јавната администрација е утврдена со новиот Закон за организација на органите на државната управа, за чија цел се бараше номинација на најголемите политички партии, претставниците на Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за Законодавство, Министерството за финансии, Министерството за правда, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Кабинетот на премиерот на РСМ и претставници на невладиниот сектор, кои ќе работат на негово подобрување, бидејќи се зборува за закон на органите (потребни се 2/3 од мнозинството), чие одобрување е од големо значење за понатамошните процеси”.
Меѓу другото, министерот нагласи : “Досега се организирани две средби со номинираните претставници, од кои на првиот состанок беше презентирана целосната идеја и знаење на работниот тим, додека на втората средба веќе започна процесот на работа. Целта е да се постигне кохерентна институционална структура. Во моментов, овој проект ИПА 2017 е во најчувствителната фаза на имплементација”.
“Експертите ги подготвија Нацрт-извештаите за реорганизација на сите 16 министерства и Владата, со кои детално и експлицитно ќе се постави рамката, како и нивната детална структура. Се следи насоката на оптимизација, процесот на прекинување и спојување на целата институционална рамка на хоризонтално ниво. Во овој период, интензивно се работи на унапредување на овие Извештаи, преку состаноци со релевантни претставници на министерствата и Владиниот центар (министерства и други службени лица). Веруваме дека интегралниот Извештај за реорганизација ќе биде подготвен до крајот на мај”, го затвори говорот министерот Шаќири.