Шаќири: Иднината на земјата е дигитална и зелена

од Vladimir Zorba
401 прегледи

„Кризата со KOВИД -19 и планираните мерки за закрепнување ја истакнаа важната улога што можат да ја играат дигиталните технологии во зголемување на отпорноста на нашите економии и општества“, рече министерот за информатичко општество и администрација, г -дин Јетон Шаќири во својот говор на „Скопскиот економски и финансиски форум“ на тема „Опоравување и економски раст по Ковид“, организиран од Министерството за финансии.

„Дигиталните технологии, исто така, имаат потенцијал да помогнат во решавањето на многу од основните причини за тековните глобални меѓусебно поврзани кризи, вклучувајќи ги климатските промени, загадувањето и губењето на биодиверзитетот. Дигиталната економија е во подем. Факт е дека за време на пандемијата, единствениот деловен сектор што растеше во Северна Македонија беше ИТ секторот . Продолжи да расте и да вработува луѓе во овој период“, рече министерот.

Ние, како министерство, нагласи Шаќири, во целосна соработка со Владата на Република Северна Македонија ги поставивме нашите цели во процесот на дигитализација на земјата.

„Наша цел е да воведеме дополнителни мерки за да му помогнеме на ИТ секторот, за да може да продолжи да расте без пречки. Нашата цел е да имаме 25.000 вработени во овој сектор до крајот на 2030 година, наспроти 13.000 сегашни вработени. Ги охрабруваме студентите да студираат во ИТ секторот. Нашата цел е 4% од дипломираните студенти да бидат од овој сектор, двојно повеќе отколку во 2020 година. Планираме да инвестираме повеќе во инфраструктурата. До крајот на оваа година, 99% од домаќинствата ќе бидат опфатени со 4G сигнал, 83% од нив ќе бидат покриени со брз широкопојасен сигнал, во споредба со 78% од минатата година. До крајот на 2023 година, ќе имаме барем еден град целосно покриен со 5G сигнал. Интернет конекција од 1 гигабит во секунда за сите јавни институции до 2029 година“, нагласи министерот за информатичко општество и администрација.

Во врска со дигитализацијата и зелената економија, министерот Шаќири рече дека се спроведува проектот „Систем за управување со документи“ – со цел поврзување на што повеќе јавни институции во овој систем. Преку овој систем ќе се скрати времето за обработка на документи и ќе ја намалиме употребата на хартија.

„Нашата цел е да имаме 95% од сите главни јавни онлајн услуги до 2030 година, наспроти 151 услуга до 2020 година. Нашите граѓани ќе имаат пристап до нивната електронска медицинска евиденција и 80% од нив ќе користат решение за дигитална идентификација до 2030 година. Владата и министерството се на пат да ја дигитализираат и развијат зелената економија. Продолжуваме понатаму да го поддржуваме ИТ секторот во земјата – подвлече Шаќири.

Слични содржини