361
Министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг вели дека припојувањето на Белорусија кон Русија „се случува“ во сенка на руско-украинскиот конфликт и дека на тоа не се посветува доволно медиумско внимание.
„Гледаме повеќе или помалку анексија на Белорусија, во воена смисла. Лукашенко до одреден степен се откажа од суверенитетот на Белорусија. Тоа е многу загрижувачки“, рече Шаленберг.
Пристигнувајќи на состанокот на Советот на министри на ЕУ, шефот на австриската дипломатија вели дека најавите за повлекување на руската армија од Белорусија по маневарот не се исполнети и изрази сомневање дека тие „некогаш ќе се повлечат од Белорусија“.