Шанаја Твејн изјави дека нејзиниот нов албум е како терапија

од Vladimir Zorba

Шанаја Твејн сподели дека таа работела на својот прв албум веќе 15 години како терапија. Пејачката била шокирана кога сфатила дека нејзиниот сопруг, Роберт Ланг,  ја мамел со нејзината најдобра другарка и подоцна беше дијагностицирана со Лајмска болест.

Таа открива дека нејзиниот нов проект насловен “Сега” ѝ помогнал да види се види себе си во перспектива и да се надмине лош период во нејзиниот живот. 52-годишната ѕвезда рече: “Постојат многу песни кои се однесуваат на овој период, но сигурно не доминираат во албумот”.

Шанаја вели дека не жали што си го пролеала срцето во песните што доаѓаат на пазарот утре затоа што нема што да крие.

Претходно канадската пејачка призна дека се плашела дека нема да може повторно да пее по нејзината болест. Таа рече: “Ова е многу исцрпувачка болест, многу дегенеративна, па јас сум многу среќна што не влијаеше на моите вокални способности”.

Неодамна, убавицата исто така сподели дека искрено ѝ се восхитувала на Селин Дион и сакала да направи дует со неа.

Слични содржини