Шангај се враќа во нормала: Учениците ќе се вратат во училишните клупи од 6 јуни

од Stefanija Kuzmanovska

На дел од средношколците во Шангај, Кина, ќе им биде дозволено да го продолжат образованието со физичко присуство и ќе можат да се вратат во интернат од 6 јуни, изјави денеска заменик-директорот на Комисијата за образование во Шангај, Јанг Џенфенг.

Учениците од последната година од средното образование од 13 јуни ќе можат да продолжат со наставата од училниците, додаде Јанг, пренесува „Ројтерс“.

Тој посочи дека продолжувањето на наставата не е задолжително, додека учениците од другите паралелки ќе продолжат со онлајн настава од дома до крајот на полугодието.

Шангај е во карантин од март, поради појава на коронавирус во најголемиот кинески град, а оттогаш многу институции се затворени, вклучително и училиштата.

Слични содржини