Руската тенисерка Марија Шарапова доби вајлд-карта за учество на Австралискиот опен, објавено е на веб-страница на турнирот.

Според рејтингот, 32-годишната Русинка не влезе во главната ждрепка на турнирот, но таа со посебната покана од организаторот на Грен слемот доби шанса за учество.

Шарапова, која го зазема 147-то место на ВТА ранг листата, вчера загуби од Американката Џенифер Брејди во првото коло на турнирот во Бризбејн. Минатата година таа одигра само 15 меча поради разни здравствени проблеми.

Слични содржини