„Шарената револуција“ денеска протестираше во Штип, Струмица и во Тетово

од desk3

Неколку десетици граѓани со блокада на главните сообраќајници во центарот на Штип го почнаа протестот на „Шарената револуција“.

Штипјани испратија порака дека сакаат Македонија да ја видат во ЕУ и дека на криминалците местото им е в затвор.

protest-stip1

Првпат од почетокот на протестите, на штипските поддржувачи на „Шарената револуција“ им се придружи и „Белизе бенд“.

– Додека се местевме со инструментите, помина едно момче во автомобил и ни покажа прст. Не знам дали така се поздравувате во Штип, но уште полошо поминав во мојот роден Охрид. Таму ме колнеа – рече Ристиќ, пред да ја испее „Мајка на Никола думаше“.

На протестот на „Шарената револуција“ во Штип, вечерва присуствуваше и поранешната министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

– Кога го почнавме проектот „Вистината за Македонија“, падот на Груевски го меревме во месеци, но како одминува времето, падот на Груевски го мериме со денови. Затоа што за овие 60 дена на протести граѓаните му порачаа дека повеќе ништо не зависи од него – рече Ременски.

Блокади на сообраќајници имаше и во Струмица, а протест на „Шарената револуција“ вечерва се одржа и во Тетово.

Во Тетово беше блокирана улицата пред Основен суд и со паролата „Ќе има правда, ќе има мир“ се упатија кон народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, лоцирана во центарот на Тетово.

МЕТА

Слични содржини