Шефицата на ММФ предупреди на ризикот од прекумерни отстапки за земјоделците

од Radmila Tasevska
183 прегледи

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, ги предупреди владите на земјите од ЕУ дека, без оглед на повеќенеделните масовни протести низ Европа, не треба премногу финансиски да им излегуваат во пресрет на земјоделците.

– Од човечка гледна точка, ги разбирам нивните проблеми и знам дека не е лесно да се работи нивната работа, изјави Георгиева во Вашингтон.

– Но, ако тоа чувство потрае и ги турне владите во ќош од кој повеќе нема да можат да го направат она што е потребно за зајакнување на економијата, ќе дојде момент кога ќе зажалат, рече Георгиева.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера им вети одредени отстапки на незадоволните земјоделци – пред сè, укинување на бирократските пречки и пофлексибилна примена на правилата на ЕУ за задолжителниот процент на земјоделско земјиште кое мора да остане необработено.

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, изјави дека разговарала со претставници на многу министерства за финансии и оти сите тие сфаќаат колку е важна буџетската консолидација, но и „колку е тешко да се не се даде поддршка“. Лесно е да се даде, но тешко е тоа повотрно да се одземе“, рече Георгиева.

Илјадници земјоделци во изминатите недели излегоа на улиците на Германија, Франција, Холандија, Романија, Полска, Италија, Грција и други членки на ЕУ, блокирајќи ги патиштата и градовите со трактори. Во Шпанија и Португалија за февруари се најавени масовни протести.

Главна причина за незадоволството е откажувањето на бројните државни субвенции за земјоделството, главно за дизел и механизација, ограничувањата поради политиките на Унијата за борба против климатските промени, како и увозот на поевтини земјоделски производи од земјите кои не се членки на Унијата.

Слични содржини