Шефицата на германската дипломатија пристигна во Украина (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок пристигна во Украина како првиот член на таа влада кој отпатувал од почетокот на агресијата.

Таа денеска пристигна во Киев и го посети Буча, местото каде руските сили извршија воени злосторства. Сега таа сака повторно да ја отвори германската амбасада во Украина. Денеска, политичарката на Зелените можеше да ги види размерите на руските злосторства врз цивилното население и инфраструктурата на Украина во градот Буча.

Министерката во резиденцијата на германската амбасада беше пречекана од вработен во Министерството за надворешни работи задолжен за дипломатски односи во земјата зафатена од војна.

Министерката беше придружувана од украинската главна обвинителка Ирина Венедиктова. Во попладневните часови, меѓу другото, планиран е разговор меѓу Бербок и нејзиниот украински колега Дмитриј Кулеба.