Шефот на една од најголемите болници: Во Газа за три дена 21 дете почина од глад

од Milan1
18 прегледи

Шефот на една од најголемите болници во Појасот Газа денес изјави дека 21 дете починало од неухранетост и глад во изминатите 72 часа.

„Дваесет и едно дете починаа од неухранетост и глад во различни области на Појасот Газа. Овие смртни случаи се регистрирани во болниците во Појасот Газа: болницата Ал-Шифа во градот Газа, болницата „Маченици Ал-Акса“ во Деир ал-Балах и болницата „Насер“ во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, во текот на изминатите 72 часа“, изјави на брифинг за новинарите Мохамед Абу Салмија, директор на болницата Ал-Шифа во градот Газа, која беше најголемата болница на палестинската територија пред војната.

Министерството за здравство на Газа објави дека вкупно 33 лица починале од неухранетост во последните 48 часа, од кои повеќето деца.

СЗО ги осуди израелските напади врз болниците низ Газа и главниот магацин на здравствената агенција на ОН.

Присилното гладување се смета за чин на геноцид.