Шефот на Ford: Производството на електрични возила бара 40 отсто помалку работни места

од Vladimir Zorba

Производството на електрични возила бара 40 отсто помалку работни места отколку производството на „бензинци“, иако некои работни места може да се спасат со производство на повеќе делови во компаниите, изјави шефот на американскиот автомобилски гигант Ford, Џим Фарли за Rainbow Push Coalition на авто-конференција во Детроит.

Електричните возила имаат помалку делови од традиционалните. Американскиот синдикат United Auto Workers, кој претставува околу 400.000 работници, наводно проценил во 2018 година дека транзицијата кон електрични возила може да доведе до губење на 35.000 работни места.

Во август, американскиот гигант отпушти 3.000 работници со полно работно време и со договор на определено време, тврдејќи дека неговата структура на трошоци не е конкурентна со онаа на другите производители. На крајот на минатата година вработуваше 183.000 работници.

Треба да започнеме сосема нов синџир на снабдување за батерии, мотори и електроника, со уште поважна улога на диверзификација на изворите на снабдување, нагласи Фарли.

Ford сака да обезбеди половина од светскиот пазар на електрични возила до 2030 година. Во октомври објавија дека ја зголемиле продажбата повеќе од двојно во однос на лани.

Производителите на автомобили моментално ги менуваат синџирите на снабдување и се фокусираат главно на производството на батерии, најважната компонента на електричните возила.

Ford неодамна ги здружи силите со производителот на батерии SK Innovation за да изгради фабрики за батерии во САД. General Motors соработува со LG Chem.

Американскиот претседател Џо Бајден на крајот на октомври најави 2,8 милијарди долари за домашно производство на батерии за електрични возила и за електрична мрежа. Планот е увозните материјали и делови да се заменат со домашни производи.

Бајден, исто така, ја започна „Американската иницијатива за материјали за батерии“, која треба да ги зајакне клучните синџири на снабдување.

Финансирањето за избрани проекти во САД се очекува да поддржи екстракција на доволно литиум за снабдување со батерии за приближно два милиони електрични возила годишно.

Слични содржини