Шефот на ГУР: Околу 11.000 војници од Северна Кореја се обучуваат за борба против Украина

од Milan1
29 прегледи

Шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) Кирило Буданов денеска изјави дека во моментов околу 11.000 војници од Северна Кореја се обучуваат во источна Русија да започнат војна против Украина уште во ноември.

Севернокорејските војници ќе бидат подготвени да се борат во Украина од 1 ноември. Според него, севернокорејската армија ќе користи руска опрема и муниција, а првиот кадар од 2.600 војници ќе оди во областа Курск.

Буданов изјави дека засега нема информации каде ќе бидат распоредени останатите војници од Северна Кореја.

Сега немаме целосна слика“, изјави првиот човек на ГУР, пренесува „Танјуг“.

Зеленски претходно изјави дека севернокорејските офицери веќе се на „привремено окупираните територии на Украина и обучуваат руски војници“.

Слични содржини