Шефот на ИДФ: Не можеме да пукаме во оние што креваат бело знаме

од Vladimir Zorba

Израелските одбранбени сили (ИДФ) се целосно одговорни за трагичното убиство на тројца заложници во Газа, призна началникот на Генералштабот на ИДФ, Херзи Халеви во вечерното обраќање, пишува „Џерусалим пост“.

„Тројцата заложници направија се за да разбереме (кои се тие). Не можеме да пукаме во оние што креваат бело знаме. Сепак, пукањето се случи во борбено подрачје под висок притисок“, додаде Халеви.

Претходно денеска беше објавено дека истрагата покажала дека тројцата израелски заложници по грешка убиени од страна на израелските одбранбени сили (ИДФ) во населбата Шејаја во градот Газа, биле без кошули, а еден од нив носел стап со импровизирано бела знаме. известува „Тајмс оф Израел“.

Портпаролот на ИДФ претходно изјави дека војската верува дека по грешка убиените заложници „избегале од заробеништво на Хамас или биле ослободени од терористите кои ги држеле во заробеништво“.

Слични содржини