Шефот на молдавското разузнавање предупредува на нови руски обиди за дестабилизација 

Александру Мустеата, директор на Службата за информирање и безбедност, вели дека неговата агенција пресретнала рекордно ниво активности на руските безбедносни служби

од Бети Божиноска
191 прегледи

Шефот на молдавското разузнавање предупреди вчера дека Русија планира нови обиди за мешање во внатрешните работи на земјата провоцирајќи протести, мешајќи се во претстојните претседателски избори и нарушувајќи плановите на земјата за членство во Европската Унија. 

Александру Мустеата, директор на Службата за информирање и безбедност, вели дека неговата агенција пресретнала рекордно ниво активности на руските безбедносни служби од 2023 година и дека очекуваат нови дестабилизирачки дејства годинава и догодина. 

„Руските разузнавачки служби имаат намера да се мешаат и во изборните процеси годинава. Имаме информации дека се прават обиди да се попречи референдумот за европската интеграција и да се дискредитираат владините институции и политичари кои го поддржуваат приемот на Молдавија во ЕУ,“ вели тој. 

Односите меѓу Молдавија и Русија се распаднаа откако владата зазеде проеврпски курс и ја обвини Москва за обиди за дестабилизација. Прозападната претседателка на оваа поранешна совбетска држава, Маја Санду, ја осуди руската инвазија на Украина додека ја води земјатра на пат кон ЕУ и кон одбрамбениот сојуз НАТО. 

Москва ги негира обвинувањата за мешање и ја обвинува Санду дека ги подгрева антируските чувства во земјата која се протега меѓу Украина и Романија. 

Санду планира да се кандидира за втор мандат на претседателските избори наесен, а нејзината партија освои повеќе од 40 отсто од гласовите на локалните избори за градоначалници, градски власти и за обласните и селските совети. 

Владата планира и национален референдум за својата проевропска ориентација иако се уште не се утврдени датуми за него. 

Мустеата тврди дека Москва се обидела да се вмеша и во локалните избори лани во ноември, како и дека најверојатно планира да испровоцира протести во Молдавија во март и април, особено во источниот и во јужниот дел од земјата, и да ги поттикне сепаратистичките чувства. 

Минатиот месец, прорускиот шеф на молдавскиот регион Гагаузија побара поддршка од Москва и одржување блиски врски, а отцепениот регион Транснистрија побара Русија да ѝ помогне на неговата економија да го издржи притисоот од Молдавија. 

Слични содржини