Шефот на НАТО претпазливо реагира на „планот за победа“ на Украина

од Илинка Илиоска
16 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, реагираше претпазливо на желбата на Украина за брза покана да се приклучи на воената алијанса како дел од „планот за победа“, пренесе ДПА.

Руте само се осврна на декларацијата на НАТО од самитот во Вашингтон во која се вели единствено дека патот на Украина кон пристапување во алијансата е „неповратен“.

Поддржувачите на брзата покана за Украина на самитот не беа во можност да надвладеат против противниците како што се САД и Германија кои стравуваат од ескалација што ќе го вовлече НАТО во војна.

Наместо тоа, генералниот секретар нагласи дека НАТО мора да се концентрира на тоа дека Украина е во „најдобрата можна позиција“ доколку Киев одлучи да стапи во разговори за ставање крај на војната.

Слични содржини