197
Шефот на регионот Харков, Олег Синегубов, изјави дека ракетните напади утринава го погодиле центарот на Харков, вториот по големина украински град, вклучувајќи ги станбените населби и зградата на регионалната администрација лоцирана на главниот плоштад во Харков.
Синегубов рече дека Русија лансирала крстосувачки ракети кон Харков, но дека одбраната на градот се уште се одржува.
„Таквите напади се геноцид врз украинскиот народ, воено злосторство против цивилното население“, рече тој.
Синегубов се појави пред новинарите во панцир и со кацига на главата и рече дека се уште е рано да се каже колку жртви има во нападот.