Шефот на „Вагнер“ најави претстојна испорака на муниција на неговите луѓе во Украина

од Radmila Tasevska
168 прегледи

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин денес најави дека муниција ќе биде испратена до неговите луѓе во Украина по обвинувањата испратени до руската армија дека го спречува нивното снабдување.

„Денес во шест часот наутро објавија дека пратката со муниција е започната“, рече Пригожин во пораката што неговата прес-служба ја пренесе преку социјалните мрежи, додавајќи дека „главните документи се потпишани“.

Ова беше објавено еден ден откако армијата беше повикана да достави муниција на вагнерите во Украина, што покажа колку се високи тензиите меѓу платениците и генералштабот на руската армија, кои рамо до рамо се борат во Украина.

Пригожин вчера напиша дека има проектили, но дека е неопходно „ѓубрените политичари“ да стават потпис за да бидат испорачани.

Во вторникот тој дури ги обвини началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов и министерот за одбрана, Сергеј Шојгу за „предавство“, велејќи дека целта на високата воена команда била да го „уништи“ Вагнер на бојното поле во време кога неговите луѓе, како што рече, секој ден паѓаат „на стотици“ во Донбас.

Тензиите се зголемија во последните недели, покажувајќи поделби во руските сили пред годишнината од почетокот на руската офанзива во Украина која сега се соочува со отпор од Украинците зајакнати со западната воена помош.

Денес, Пригожин им се заблагодари на оние, вклучително и оние од високите кругови, кои вршеа притисок и носеа одлуки.

Испраќањето муниција „ќе спаси стотици, па дури и илјадници животи на момци кои ја бранат својата земја. Им дадовте можност да продолжат да живеат“, рече Пригожин.

Слични содржини