Шефовите на Мосад и на Шин Бет ќе учествуваат на денешната средба во Париз посветена на заложниците во Газа

од Radmila Tasevska
160 прегледи

Израелска делегација предводена од шефот на Мосад денеска заминува за Париз со надеж дека ќе ги „деблокира“ преговорите за ново примирје со палестинскиот исламистички Хамас во Појасот Газа, јави „Тајмс оф Израел“.

Шефот на Мосад (израелската служба за надворешна безбедност) Дејвид Барнеа и шефот на Шин Бет (служба за внатрешна безбедност) Ронен Бар денеска ќе пристигнат на разговори во Париз.

Порталот за вести Аксиос вчера информираше дека директорот на ЦИА Вилијам (Бил) Брнс се очекува да пристигне во Париз на разговори со катарските, египетските и израелските власти во рамки на напорите да се постигне договор за да се обезбеди ослободување на заложниците кои ги држи радикалното палестинско движење Хамас во Газа.

Претставниците на администрацијата на Џо Бајден имаат за цел да склучат договор пред почетокот на Рамазан за помалку од три недели за да обезбедат привремен прекин на огнот за време на светиот месец Рамазан.

Главното прашање околу кое нема согласност е во врска со бројот на палестински затвореници што треба да бидат ослободени во замена за заложниците и методологијата за избор на поединци за почетната фаза на потенцијалниот договор во три чекори.

Слични содржини