220
Министерот за одбрана на Бугарија, Каракачанов, ги злоупотреби бугарските инженерци во политички контекст, истакна денес министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ова следува по изјавата на Каракачанов дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање на споменици во земјава, а на кои е истакнато „бугарски фашистички окупатори“.
„Еве денеска ги гледаме македонските инженерци, бугарските инженерци колегата Каракачанов ги кажа и по мене ги кажа и ги злоупотреби во еден политички контекст кој не доликува на држави членки на НАТО“, порача Шекеринска од Криволак од каде со инженерците на Армијата беше на увид на патот кој се трасираше од Штип до Армискиот полигон.