Шеснаесет повредени во центар за обука на ФБИ во Калифорнија

Објектот во изолираната област Ирвин, јужно од Лос Анџелес, организира тактички обуки и проценки за подготвеноста за употреба на огнено оружје за ФБИ и за локалните органи за спроведување на законот

од Бети Божиноска
175 прегледи

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) започна истрага по експлозијатата во објект за  тактичка обука во јужна Калифорнија во средата во која беа повредени и хоспитализирани повеќе членови на Специојалниот оддел од канцеларијата на шерифот на округот Оринџ, пренесува „Асошиетед прес“.

Објектот во изолираната област Ирвин, јужно од Лос Анџелес, организира тактички обуки и проценки за подготвеноста за употреба на огнено оружје за ФБИ и за локалните органи за спроведување на законот. Ниту еден агент на ФБИ не бил повреден во инцидентот, вели портпаролката на агенцијата, Лаура Еимилер.

Специјалците биле на обука со одредот за бомби кога се случила експлозијата, а причината за експлозијата е се уште неппозната.

Најмалку 16 полицајци биле хоспотализирани, а најсериозната повредна е рана на нога за  која ќе биде потребна операција. Две лица се здобиле со површински повредни, а останатите се жалеле на вртоглавица.

 

Слични содржини