Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната седница на градскиот Совет, на дневен ред стави точка за продажба на новата барокна зграда Градска куќа која се наоѓа на кејот на Вардар под Кале а во која претходната власт планираше да ја смести градската администрација.

Шилегов рече дека во неа нема место за сите вработени во администрацијата на Град Скопје, туку само за 350 луѓе, а почетната цена ќе биде 12,7 милиони евра, на колку што е проценета.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во град Скопје ја напушти седницата во знак на протест.