Со оглед на актуелниот и секојдневен проблем со загадувањето на воздухот, на денешното излагање, таткото на градот, Петре Шилегов на новинарско прашање како ќе се реши овој проблем и што ќе се преземе, а што е веќе преземено тој одговори:
„Имајќи предвид дека речиси 10тина дена сме во познатата скопска магла, ние правиме сериозен мониторинг, со цел определени индустриски капацитети не ја злоупотребат малата видливост поради маглата за испуштање на недозволиви гасови. Тоа го правиме секоја вечер со термални дронови и не ни пречи тоа што е магла бидејќи тоа термално се решава. Ние работиме во коренот на решавање на проблемот. Неколкупати и посочивме на јавноста дека има три главни компоненти. Едната е овој главен инспекциски надзор, што е еден од најактивните органи за овој проблем во државата. Втората е на самиот крај, решавањето на проблемот со јавниот транспорт, со што ги дестимулираме граѓаните да ги користат своите возила. Имено, тоа е во завршна фаза, и некаде по Нова Година ќе биде пологично и поекономично да го користите јавниот транспорт. И третата компонента и за мене клучна е организираното затоплување на домовоите, тука имавме сериозна интервенција оваа сезона, бидејќи околу 5000 оџаци помалку зрачат, што не е доволно. Конечно треба регулаторната комисија да го надмине прагот односно проблемот што го имаме за издавањето на лиценца, со цел трите мрежи да ги добиеме и да можеме на граѓаните на организиран начин да им понудиме и социјални пакети, за да бидат дел од централното греење, со што ќе се намали емисијата на штетни гасови“, истакна Шилегов на денешниот прес.