Легендата на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел го критикуваше настапот на тимската sвезда Пол Погба при ремито 1-1 со Арсенал. Поранешниот голман се прашува каква била улогата на Французинот во натпреварот, споредувајќи го со „проблематичното дете“ на Оле Гунар Солскјер.
„Тој игра многу, многу далеку и не можам да дознаам каква е неговата улога во тимот. Дури и кога Оле правеше смени и го постави Погба, ништо не се случи. Се согласувам дека тој направи две многу добри додавања, но имаше само две, а не 15. Во првите 25 минути, тој само ја враќаше топката, а за играч од негов калибар, беше разочарувачки. Го гледам како проблем затоа што привлекува премногу внимание и се чини дека е проблематичното дете на тимот. Кога некој ќе привлече толку многу внимание од весниците, мора да разбереме каква е неговата улога. Што ќе направи тој за овој состав на Манчестер Јунајтед? Во моментов сум збунет и не можам да го сфатам тоа“, вели легендата на Јунајтед.
„Мислам дека играчите околу него се доволно добри, но тој не ја бараше топката како што треба и малку се скри во текот на првото полувреме. Второто беше малку подобар. Тој сигурно не игра на ист начин како што го правеше тоа минатата сезона. Мислам дека е императив да разберат каква е неговата улога и како Јунајтед треба да игра со него во составот и да го направи тоа јасно за сите. Знаете, тие 75.000 на стадионот не се многу задоволни од Погба. Слушате наоколу дека луѓето не го сакаат многу затоа што не прави многу за тимот“, изјави Шмајхел за „Optus Sport “.