Шојгу: Доследно ќе ги развиваме односите со Северна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во Пјонгјанг разговараше со началникот на севернокорејскиот оддел за одбрана, армискиот генерал Канг Сун Нам, соопшти руското министерство за одбрана.

Како што се наведува во соопштението, Шојгу ја изразил својата намера „доследно да ги развива билатералните односи меѓу Русија и Северна Кореја во сите области“.

„Убеден сум дека денешните разговори ќе помогнат да се зајакне соработката меѓу нашите одбранбени оддели“, рече тој, пренесе ТАСС.

Слични содржини