Руската армија го контролира Мариупол, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Шојгу рече дека се воспоставува мирен живот на териториите на самопрогласените Лугански и Доњецки Народни републики (ЛНР/ДНР) и Украина, кои се под контрола на руските сили.
Тој посочи дека руските сили заедно со единиците на самопрогласените ЛНР и ДНР ја прошируваат контролата врз тие територии, пренесува РИА Новости.