Шок во Брисел! Орбан блокираше пакет помош од 18 милијарди евра за Украина, Германија згрозена: „ Тие играат покер овде!“

од Destan Jonuzi
146 прегледи

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во четвртокот остро ја критикуваше Унгарија за блокирањето на финансиската помош од ЕУ за Украина од 18 милијарди евра, велејќи дека Будимпешта не треба да „игра покер“ во оваа ситуација.

Четворица функционери и дипломати на ЕУ изјавија за Политико дека го гледаат блокирањето на помошта за Украина од страна на Будимпешта како тактика на уцена за ослободување на повеќе од 13 милијарди евра од фондовите на ЕУ за Унгарија – кои би можеле да бидат суспендирани следниот месец поради долгогодишното назадување на демократијата од страна на владата на Орбан.

За потсетување, Европската комисија во средата предложи пакет за поддршка од 18 милијарди евра за да и помогне на Украина да ја одржи економијата и јавните услуги во текот на следната година и да ја обнови критичната инфраструктура уништена од руските ракети.

Унгарската блокада на овој пакет предизвика лавина реакции во Брисел. Германскиот министер за надворешни работи изјави дека: „Нашата хуманитарна поддршка за Украина не е една од оние вообичаени европски работи каде луѓето преговараат напред-назад за финансиите“.

Слични содржини