Шокантни сцени пред домот на Метју Пери во Лос Анџелес: Телото на актерот извадено од неговата куќа (ФОТО)

од Radmila Tasevska
555 прегледи Matthew Perry [CLONED]GQ's Annual Men of the Year Party, West Hollywood, Los Angeles, California, USA - 17 Nov 2022,Image: 738424532, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Актерот Метју Пери е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес.

Како што пренесуваат странските медиуми, Пери наводно се удавил во џакузито, а откако екипа на итната помош пристигнала на местото, тој бил пронајден мртов и не бил пренесен во болница.

Судејќи според фотографиите кои се појавија, подоцна е видено комбето на судскиот совет како пристигнува на имотот на познатиот актер и ги одзема неговите посмртни останки.

Потсетуваме, како што пренесува „Дејли мејл“, необично е што била повикана екипа за прва помош поради наводен проблем со водата, а кога пристигнале откриле дека актерот е мртов и дека најверојатно се удавил.

Полициски извор изјави за NBC News и CNN дека првично мислеле дека домот има големи проблеми со водоводот.