Шокантно сведоштво го вознемири регионот: Осомничениот детално го опишал хоророт кога ја убил малата Данка Илиќ

од Илинка Илиоска
845 прегледи

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор. По 10-дневна потрага, полицијата уапсила двајца осомничени од Бор кои со автомобил го удриле девојчето, го ставиле нејзиното тело во багажник и го однеле на депонија.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено, а она што сите ги остави во шок е изјавата на еден од осомничените кој објаснил како и „пресудиле“ на малата Данка, пишуваат српските медиуми.

– Еден од нив се бранеше молчејќи. За разлика од него, второосомничениот речиси два часа детално раскажувал за тоа што се случило. Тој раскажал дека откако ја удрил автомобилот, малата Данка паднала, тој истрчал од совозачкото седиште, пришол на слабото девојченце и веднаш почнал да ја дави со голи раце. Со сета сила и го стиснал вратот и таа многу брзо престанала да дише, според негова проценка. После тоа и го ставиле телото во багажникот, се оддалечиле и го фрлиле на депонија – се дознава неофицијално од обвинителството.

Слични содржини