Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија мора да биде подготвена за ескалација на ситуацијата во Украина.
Шолц ова го изјави на конференција во Берлин, чиј домаќин беше весникот „Зидојче цајтунг“, а пренесе „Ројтерс“.
Шолц изјави дека одбранбениот фонд вреден 100 милијарди евра, кој беше објавен по почетокот на војната во Украина, е резултат на научената лекција за изградба на одбранбени резерви на германската армија.