Шолц: Украинските бегалци мора да најдат работа или да се вратат во Украина

од Milan1
16 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека невработените украински бегалци мора да бидат охрабрени да се вработат или да се вратат во својата матична земја, јави ДПА.

-Премногу од нив се тука толку долго, и, како да кажам, сега треба да започнат да работат, рече Шолц пред пратениците во Бундестагот, Долниот дом на германскиот Парламент.

Германија мора да обезбеди услови што е можно повеќе Украинци и другите бегалци да бараат работа откако ќе го научат германскиот јазик и другите мерки за интеграција.

Канцеларот смета дека претходните успеси, со владината таканаречена програма „работа турбо“, не беа доволни, пренесува германската агенција.

Два дена по неговата посета на Киев, Шолц рече дека „долго“ разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за ова прашање.

Властите во Киев го преименуваа Министерството за реинтеграција, кое е одговорно за помагање на Украинците кои се враќаат во министерство за национално единство.

Обединетите нации наведуваат дека речиси седум милиони Украинци се побегнати во странство. Над еден милион, главно жени со деца, се во Германија, но само над 260.000 украински бегалци имаат работа, наведува „ДПА“.

Слични содржини