96
Германија планира да испрати повеќе воена помош за Украина, покрај испораката на 14 борбени тенкови Леопард 2, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Покрај тенковите за кои сега разговаравме, имаме намера да ги прошириме и претходните испораки“, рече Шолц и наведе дека е можно Германија во иднина да испраќа системи за противвоздушна одбрана, тешка артилерија и повеќецевни ракетни фрлачи во Украина.
Претходно денеска Германија одобри испорака на тенкови Леопард 2 во Украина, како и нивен реекспорт од земјите партнери.