310
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека мировен договор меѓу Москва и Киев е единствениот начин за укинување на санкциите против Русија.
„Русија во одреден момент треба да сфати дека единствената можност да и се укинат санкциите е да склучи договор со Украина, и тоа не може да биде наметнат мир“, рече Шолц во интервјуто објавено на информативниот портал „Т-онлајн“.
„Што се однесува до сè друго, постои јасен принцип: Украина ги решава сите прашања. Не можеме да преговараме во име на Украина, на еден или друг начин“, додаде Шолц, пренесе ТАСС.