Гасната криза во ЕУ се интензивираше од минатата недела, кога Русија „на неодредено време“ го запре протокот на гас кон Германија преку гасоводот „Северен тек 1“.
– Германија може да се справи со актуелната енергетска криза и е подготвена да се справи со потенцијалното исклучување на рускиот природен гас – изјави во сабота, 10 септември, канцеларот на таа земја, Олаф Шолц.
– Живееме во сериозни времиња… Но ние сме подготвени. Подготвени сме ако Русија, на пример, во голема мера го прекине снабдувањето со гас поради војната против Украина – додаде Шолц во видео обраќањето, посочувајќи дека Германија постави терминали на северниот германски брег за увоз на течен природен гас.
– Заштедивме гас. Ги користиме повторно производствените капацитети на термоелектраните на јаглен. На почетокот на следната година ќе имаме можност да ги искористиме и преостанатите нуклеарни централи од јужна Германија доколку има потреба. Составивме сеопфатен пакет помош за да ги поддржиме оние кои не можат лесно да се справат со вакви финансиски предизвици – изјави понатаму германската канцеларка, пренесува RT.
Гасната криза во ЕУ се интензивираше од минатата недела, кога Русија на „неодредено“ го запре протокот на гас кон Германија преку гасоводот Северен тек 1. Руските испораки продолжуваат преку Украина, но многу помалку од претходно.
Во Германија, недостигот на гориво ја зголеми загриженоста за потенцијалниот бран банкротства меѓу добавувачите на енергија.