293
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска уште еднаш ги отфрли повиците Германија да ги бојкотира руските енергетски извори поради рускиот напад на Украина.
Шолц денеска изјави дека веќе се воведени санкции кон Русија и дека тие се одразуваат на економијата на таа земја и дека сето тоа „само секој ден ќе биде уште подраматично“, пренесе АП.
Во исто време, санкциите се дизајнирани да бидат „подносливи“ за оние што ги воведуваат, вклучително и на долг рок, додаде тој.