Шолц: Имам мандат да формирам влада во Германија

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Олаф Шолц, лидерот на социјалдемократите (СПД), објави дека има мандат да формира влада во Германија.

Шолц договори формирање на таканаречената коалиција „Семафор“ со Зелените од Аналена Бербок и Либералите (ФДП) на Кристијан Линдер.

Потсетуваме, Зелените претходно објавија дека сакаат да започнат преговори со Социјалдемократите (СПД) и Либералите (ФДП) за формирање на таканаречената коалиција „Семафор“. Аналена Бербок од Зелените вчера објави дека ќе им предложи на либералите Кристијан Линдер што е можно поскоро да разговараат со Олаф Шолц, лидерот на социјалдемократите.

„Германија се соочува со големи предизвици, со кои мора брзо да се справиме“, истакна Бербок по состанокот во партијата на која беа одлучени потенцијалните коалициски партнери.

Кристијан Линдер тогаш објави дека утре ќе се одржи првиот состанок на лидерите на трите партии.