203
Германскиот канцелар Олаф Шолц е во посета на Приштина и Белград денеска, а патувањето треба да се претвори во мала балканска турнеја со посети на Тирана и Скопје, а можеби и Сараево. Посетата ќе ја комплетира во Софија.
Посетата на канцеларот на Балканот е нов доказ дека регионот е високо на листата на приоритети на новата коалиција во Берлин.
Во почетокот на мај, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти отпатуваа во Берлин, а тогаш беше оценето дека владата на Шолц придава големо значење на преговорите меѓу Србија и Косово во светло на војната во Украина.
Германскиот канцелар тогаш за првпат изјави дека „взаемното признавање“ треба да биде дел од сеопфатниот договор меѓу Белград и Приштина.