Директните контакти со рускиот претседател Владимир Путин се многу важни, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Колку и да е тешко, важен е директниот контакт, особено во време на криза. Сакам нашите пораки директно да стигнат до Путин“, рекол Шолц во интервју за шведскиот весник „Дагенс нихетер“, а пренесува „Спутник“.
На овој начин тој сака на рускиот претседател да му го претстави ставот на Западот во однос на специјалната операција на руската армија во Украина.
Шолц смета и дека нормализацијата на билатералните односи со Москва не е можна во блиска иднина.
Да потсетиме, Шолц претходно на големата летна прес-конференција зборуваше за можноста за посета на Путин на Германија. Како што рече, услов за такво нешто би било крај на операцијата во Украина и мировен договор меѓу Киев и Москва.