115
Германската влада ќе го реши несогласувањето околу нуклеарната енергија во наредните денови, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц, откако беа одложени плановите за затворање на две нуклеарни централи до крајот на годината, пренесе Ројтерс.
„Одлучивме да продолжиме, особено оваа зима, да користиме нуклеарна енергија и ова практично прашање ќе биде решено брзо и навреме следната недела“, рече Шолц во Берлин за време на заедничката прес-конференција со монголскиот колега Лувсанамсраин Ојун-Ерден.